Close Menu
Press24
    Најново

    Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството

    29.10.2026 во 21:47

    Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт

    29.10.2026 во 21:37

    22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија

    29.10.2026 во 21:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос

    МВР со детали: Повредени граѓани, паднати дрва, оштетени возила, покриви, семафори – Невремето направи хаос

    22.07.2026 во 08:032 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициските службеници се на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Во тек се активности за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на штетите и нормализирање на сообраќајот.

    Според МВР, најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.

    Материјална штета е пријавена и на повеќе објекти од витално значење, меѓу кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и зградите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

    Во СВР Куманово се пријавени девет оштетени возила и три оштетени покриви, додека на подрачјето на СВР Тетово се евидентирани пет случаи – три оштетени возила и две оштетени кровни конструкции. Во Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

    Во СВР Велес се регистрирани две оштетувања на возила предизвикани од паднати дрвја, а во СВР Штип 14 оштетени патнички возила и шест оштетени кровови.

    На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

    Од СВР Битола информираат дека не се регистрирани поголеми последици од невремето, освен краткотраен силен ветер на подрачјето на Полициската станица Македонски Брод, без материјална штета.

    Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најсериозни последици се забележани на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот бил прекинат излезот од државата во времетраење од околу час и половина.

    Во Транзитниот центар Табановце се оштетени дел од привремените објекти за сместување на мигранти, а регистрирани се и паднати дрвја, без поголема материјална штета.

    Од МВР велат дека полициските екипи и натаму остануваат на терен и продолжуваат со расчистување на последиците од невремето и преземање мерки за заштита на граѓаните.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.