Во паркчето пред зградата на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 147, Општина Карпош спроведе активности за обнова и уредување на постојната урбана опрема. Целосно се заменети дотраените дрвени даски на клупите, додека масата е освежена и повторно офарбана, со што просторот доби поуреден и
естетски изглед.
Паркчето е простор што жителите го користат за одмор, релаксација и соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржување, обновување и унапредување на урбаната опрема, како и во поставување нова опрема согласно потребите и приоритетите на граѓаните.
Заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош.
- „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов
- Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот
- Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија
- ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи
- ВРЕДИ за Груби: Стотици илјади евра се ставаат на маса, додека младите заминуваат
- ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука
- Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот
- ФОТО: Почина обвинител од Струга

