ОН: Потребни се 5,6 милијарди долари за хуманитарна помош во 2023 година
Обединетите нации денеска соопштија дека на нивните хуманитарни агенции им требаат 5,6 милијарди долари (5,2 милијарди евра) за да ги задоволат потребите на 11,1 милиони луѓе во Украина и 4,2 милиони бегалци во Европа.
- Мораме да направиме сè што е во наша моќ за да стигнеме до најтешко достапните заедници, вклучително и оние блиску до првите линии на фронтот, се вели во изјавата на шефот на хуманитарните операции на ОН, Мартин Грифитс, речиси една година по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Тој додаде дека „страдањето на украинскиот народ е далеку од завршено“ и оти на народот на Украина му е потребна меѓународна поддршка.
Оваа година, на хуманитарните агенции на ОН ќе им бидат потребни 3,9 милијарди долари за грижа за 11,1 милиони луѓе во Украина и 1,7 милијарди долари за потребите на 4,2 милиони бегалци, како и на заедниците кои прифатиле бегалци во различни источноевропски земји.
Најголем дел од помошта за бегалците ќе оди во Полска, главната земја домаќин на бегалците во Источна Европа и во Молдавија, преку која поминуваат многу бегалци на пат кон други земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа