После жештините, следува опаѓање на температурите - УХМР соопшти кога да очекуваме разладување

Периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината ќе продолжи. Ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а дневните од 33 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 40 степени.

Во понеделник, како што посочуваат од УХМР, ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата. 

28.07.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега