Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (сабота) во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Причината е одржувањето на протестниот марш под мотото „Стоп за Усје“, кој е закажан со почеток во 12:00 часот.

Маршот ќе се движи по следнава траса: Почетокот е пред Владата на булевар „Илинден“, по што поворката ќе продолжи десно по булевар „ВМРО“, потоа по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“,продолжувајќи по улица „11 Октомври“ до пред Собранието. Маршот завршува пред Министерството за животна средина, до каде ќе се стигне преку улицата „Филип Втори Македонски“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.Од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за да се избегне поголем метеж.

Exit mobile version