Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18

    Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин

    30.10.2026 во 22:01

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота

    Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота

    19.06.2026 во 21:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи информира дека утре (20 јуни, сабота) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на јавен настан кој ќе започне во 18:00 часот.

    Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најавуваат мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот долж трасата по која ќе се движат учесниците на настанот.

    Според најавата, движењето ќе започне пред Фонтана Лотус во Градскиот парк, по што ќе продолжи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“ на улицата „11 Октомври“.

    Поради тоа, во текот на настанот се очекуваат повремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот на дел од наведените сообраќајници.

    Од СВР Скопје апелираат до граѓаните и возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

    Прочитај повеќе

    Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле

    30.10.2026 во 18:19

    Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото

    30.10.2026 во 17:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.