Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Породилното отсуство ќе се зголеми на 12 месеци? ФЗО ги прави финалните анализи

    Породилното отсуство ќе се зголеми на 12 месеци? ФЗО ги прави финалните анализи

    06.05.2026 во 09:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ја разгледува можноста за продолжување на породилното отсуство на дванаесет месеци. Според директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во тек се анализи кои треба да ги утврдат финансиските импликации и потенцијалните ефекти од ваквата мерка врз системот.

    Фокусот на анализите е насочен кон поврзаноста на боледувањата со самиот процес на бременост и мајчинство.

    „Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие боледувања пред и после породилното поврзани со истиот процес на бременост. Во зависност од тоа може да видиме како може да го подобриме механизмот, бидејќи ако имаме чести пред и потоа боледувања според мене треба да мислиме на промени во системот на породилните отсуства“, изјави Клековски.

    Паралелно со оваа најава, првиот човек на Фондот се осврна и на актуелните поплаки од граѓаните во врска со доцнењето на исплатите за тековните породилни отсуства.

    Како главна причина за застојот, Клековски го посочи застарениот начин на работа кој подразбира рачна обработка на податоците.

    Тој најави дека е во тек воспоставување на стандардизиран систем со кој во иднина треба да се надминат овие административни пречки и да се обезбеди навремена исплата на средствата до мајките.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.