Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
- Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

