Полна Месечина во Девица на 7 март: Што им носи на хороскопските знаци?

Време е да уживаме во секој мал момент, без да чувствуваме притисок дека не сме доволни, или пак дека не сме доволно добри. Оваа полна Месечина ќе го осветли небото вечерта на 7 март, а за нас носи голема можност да се ослободиме од мислењето или верувањето дека мораме да бидеме совршени.

Девицата е моќен знак, таа е божица чија енергија помага да го откриеме својот талент, да се посветиме на своите цели, но и да се препуштиме на искуствата, без страв или колебање. Но, нејзината маана е дека постојано трага по совршенството.

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Одете бавно и смирено. Иако можеби ќе бидете инспирирани да се организирате, сепак постојат одредени нешта околу вас кои ви се нејасни и ве мачат. Потрудете се да дојдете до јаснотија преку нов, посмирен пристап, но и навики кои можете да ги примените за да го намалите стресот. Со мала помош на неконвенционалниот Уран, ова е одлично време за мали промени во вашата рутина и секојдневие.

Бик

Имате на ум некаков проект? Оваа лунација ви носи свесност за вашата креативна страна. Ако посакувате да поработите на одредена вештина, голема е можноста овие денови да откриете што точно ви е потребно. Но, Марс е присутен во вашата втора куќа на самодоверба, што може да направи да се сомневате во себеси или пак едноставно да немате трпение. За среќа, Уран е во вашиот знак што ќе ја извади вашата ексцентричност на површина и ќе ви помогне да се истакнете.

Близнаци

Имате потреба да усовршите некои работи на полето на домот и семејството, но потребни ви се и време и трпение. Марс е во вашиот знак и не ви помага многу, но Уран ви дава поддршка, само ако успеете да обрнете внимание на важните нешта. Слушнете ги своите блиски, можеби имаат нешто важно да споделат со вас.

Рак

Како кардинален знак, вие секогаш наоѓате начин како да бидете корисни, а оваа полна Месечина не е исклучок од тоа. Голема е веројатноста дека ќе успеете да бидете попродуктивни и тоа благодарение на вашите комуникациски вештини. Уран ви носи неочекувано знаење, но и можности да ги подобрите пријателствата и соработката со другите.

Лав

Оваа полна Месечина ја осветлува вашата куќа на финансии и ви помага да ги смените своите навики поврзани со трошењето. Ќе бидете насочени кон работите во вашиот живот на кои им е потребно подобрување. Марс ја осветлува вашата единесетта куќа што може да донесе недостаток на трпение, но не брзајте никаде. Уживајте во слободата која ви ја носи Уран, како и лидерските способности кои доаѓаат до израз овој период.

Девица

Оваа лунација е во вашиот знак, драги Девици. Можете ли да се сетите на некој важен момент кој се случил околу 27 август минатата година? Што е подобрено во вашиот живот. Со оглед на тоа дека Меркур патува низ Риби, вие сте охрабрени да се посветите на своите потреби. Марс би можел да предизвика мал оган на полето на кариерата, но тоа само ќе ја зацврсти вашата способност да бидете лидери со авторитет. За среќа, Уран е тука да ви помогне работите да ги видите од поинаква перспектива и на тој начин да ја подобрите својата репутација.

Вага

Добросостојбата е ваш приоритет, особено под светлината на оваа полна Месечина. Веројатно ќе посакате да ги наполните батериите и да побегнете подалеку од другите луѓе. Ако работите на некој креативен проект, ова може да е период кој ви носи предизвици, па затоа бидете внимателни. Но, добро е што Уран е во вашата осма куќа на интимност, што може да ви донесе подобрени односи со луѓето кои ви се допаѓаат.

Шкорпија

Под светлината на оваа полна Месечина, Шкорпиите ќе посакаат да ги подобрат односите со другите луѓе. Можно е и да ви биде потребна поддршка од друга личност, па затоа не се плашете да ја побарате. Дополнително, не заборавајте на можностите за креативно изразување, бидејќи овој период ви носи многу одлични можности за тоа.

Стрелец

За Стрелците, важно е да креираат солиден план за акција и да ги пренесат своите мисли во цели. Оваа лунација ја осветлува вашата куќа на кариерата и ви носи можност да најдете решенија, но и баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Важно е само да го направите првиот чекор.

Јарец

Разгледајте ги своите опции, драги Јарци. Без да размислувате премногу за логистиката околу тоа, обрнете внимание на сите информации кои дојдат до вас за време на полната Месечина. Тоа може да биде од ваш член на семејството, роднина или пак најблиската околина. Марс во Близнаци става силен фокус на вашата продуктивност и ви помага да го остварите она што го посакувате. Не го губете трпението, фокусирајте се на она што треба да се направи.

Водолија

Водолиите се фокусирани на своите партнерства, а тоа е поле кое би сакале да го подобрат под влијанието на полната Месечина во Девица. Марс ви помага да утврдите што сакате и да се посветите на друга личност, без да размислувате премногу. Голем дел од родените во овој знак ќе донесат важна одлука поврзана со друга личност, овие денови.

Риби

Сите односи бараат одреден степен на компромис. Полната Месечина ја осветлува вашата седма куќа на партнерства, а тоа ви носи многу можности на кои ќе посакате да се посветите. Поставете јасни граници со луѓето кои некогаш премногу бараат од вас. 

06.03.2023 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега