Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден

 

Денеска, полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрлил 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжил да дејствува од воздух.

„За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума“, информира МВР.

12.07.2024 - 17:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега