Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицајците не спијат: Уапсени 44 лица за бебзобѕирно управување на возило

    Полицајците не спијат: Уапсени 44 лица за бебзобѕирно управување на возило

    10.12.2025 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминатите девет дена од месец декември 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

    Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

    Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а четири лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

    Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 1511 прекршоци за непрописно паркирање, 620 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 39 санкции за минување на црвено светло, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол.

    Санкционирани се и 349 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 214 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 119 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 62 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 28 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.