Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта во Пробиштип.

Според информациите од МВР, околу 20:42 часот на крстосницата меѓу улиците „Миро Барага“ и „Јордан Стојанов“ се судриле службен мотоцикл на Министерството за внатрешни работи, управуван од 27-годишниот полициски службеник Д.П. од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски таблички.

Автомобилот го управувал 39-годишниот А.Ѓ., државјанин на Турција со привремен престој во кратовското село Крилатица.

Во несреќата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Пробиштип.

Exit mobile version