Две деца и еден возрасен загинале во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи во Словенија. Според првичните и се уште неофицијални информации до кои дојде Press24 станува збор за семејство македонски иселеници кои живееле во Италија. Несреќата им се случила во моментот кога тие патувале кон Италија, враќајќи се од летните одмори.

Неофицијално, се работи за петчлено семејство, родители со две деца и едно повозрасно женско лице кои потекнуваат од Центар Жупа.

Повозрасното лице (1952 година) и двете дечиња (2021 и 2014та родени) се починати, додека родителите се повредени

Според првичните сознанија на словенечката полиција, камион поради дефект бил запрен во ниша покрај автопатот, кога автомобилот од засега непознати причини удрил во задниот лев дел од неговата приколка.

Трите лица починале на самото место. Еден од двајцата повредени со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.

Exit mobile version