Педесетгодишен радовишанец е приведен откако, според пријавеното, физички го нападнал својот 17-годишен син и агресивно се однесувал кон сопругата.

Инцидентот се случил утрово околу 04:30 часот во семејниот дом во Радовиш.

Полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Г.Л. (50) околу 05:00 часот и го задржале во полициската станица.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version