Петнаесетгодишник од Виница е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу улиците „Димитар Влахов“ и „11 Октомври“ во градот.

Според информациите од МВР, околу 11:50 часот се судриле патничко возило „фиат“, управувано од 56-годишниот В.М. од Виница, и мопед што го управувал 15-годишникот.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Виница и ОВР Кочани.

Exit mobile version