Покачените цени во Охрид не ги спречи Македонците да уживаат во продолжениот викенд

Овој продолжен викенд, кој годинава се поклопува со празникот Рамазан Бајрам, повторно го наполни Охрид. И покачените цени на пијалоците и храната во угостителските објекти не ги спречи Македонците да уживаат во престојниот викенд.

Хотелските капацитети според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ, Крсте Блажески се исполнети повеќе од минатиот продолжен викенд за Велигденските празници.

– Има гости, мислам дека хотелите се исполнети повеќе од Велигденските празници. Очекуваме 60 до 70 посто исполнетост на хотелите сега, додека за Велигден капацитетите беа окоу 50 отсто исполнети, изјави Блажески.

Голема е исполнетоста и во приватното сместување. Единствена пречка, како што посочи Блажески, е временската прогноза, и поради најавените дождови имале доста откажувања.

– Почнаа грчки автобуси да доаѓаат, по некоја турска и бугарска група. Тоа е показател дека државите околу нас се присутни тука и со нив ќе можеме да се извлекуваме во сезоната, заклучи Блажески.

Голем дел од присутните на ривиерата се сместени во сопствени станови, кои ги користат за викендите да уживаат во убавините на охридско-струшкиот регион.

Раздвиженоста низ охридската чаршија поради облачното време и не е така голема, за разлика од соседна Струга, каде во голем број се вратени печалбарите за прослава на рамазанските празници. 

30.04.2022 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега