Појадокот е задолжителен, но не смеете да ги јадете овие 4 намирници на празен стомак!

Дали често ви е непријатно поради звуците што ги испуштаат цревата? Дали некогаш сте се запрашале зошто понекогаш појадокот „лежи“ добро и зошто понекогаш варењето функционира ,, сто на час “?

Ако понекогаш или често, имате проблеми со желудникот и варењето, обидете се да ги избегнувате овие јадења на празен стомак!

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали. Сепак, не се препорачува за појадок бидејќи сировиот зеленчук е вистински предизвик за варењето на храната, особено кога ќе го консумирате на празен стомак.

Јогурт

Ако имате чувствителен стомак, појадок кој вклучува јогурт тешко дека може да „падне“. Имено, јогуртот содржи здрави млечни киселини, кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празен стомак ги убива со својата киселина. Што помага? Доволно е да консумирате неколку ореви, парче авокадо или лажица снегулки, само за да не ви биде празен стомакот.

Банана

Банана на празен стомак одеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но исто така и тоа ниво паѓа многу брзо. Ова може да резултира со ненадејни напади на глад во текот на денот.

Цитруси

Чаша свежо исцеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика ждригавица. Единствен исклучок е вода измешана со лимон, бидејќи сокот од лимон е прилично разреден.

21.10.2021 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега