УХМР ја објави временската прогноза за продолжениот викенд кој е пред нас. Неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот во 2026 година се паѓа во недела, неработен ќе биде понеделник, 12 Октомври.
-Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст, информира УХМР.


