Поцкова: Владата е во фаза да ја состави новата „Пазар 3“ коалиција, но мнозинство за уставни измени нема да има

„Владата е во фаза да ја состави новата „Пазар 3“ коалиција, разрешува министри и заменици, ќе назначува и нови. И ова само се случува само една година од претходната реконструкција на Владата. Но, тоа треба да се знае сега дека главната цел е прво да се зачува тенкото мнозинство, а ако е можно и да се добие пратеник плус, а и заради тоа битен е бројот на пратениците од партиите кои влегуваат во Владата. Тоа се прави зад параванот европската иднина на државата, евроинтеграции меѓутоа не се одржува дадениот збор и не се почитува договорот. Затоа ова не се европски вредности, во ова на изглед весела математика, почитуваната Влада треба да знае какви комбинаторики да прави. Поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за уставни измени нема да има“, истакна Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Поцкова додаде дека народот треба да ја даде поддршката за уставни измени. А, таа поддршка власта ја нема од народот.

„Мандатот треба да ви го даде народот, а тоа ќе се случи на избори. Колку побргу го сфатите тоа и се откажете од виткање кичма, ќе биде подобро и за Македонија и за граѓаните“, порача Поцкова.

Таа посочи дека Владата нема направено ниту една реформа во информатичкото општество и администрација.

 

„Дигитализацијата тапка во место. Нема интегрирана информатичка мрежа за волја на вистината и покрај компетенциите квалитетот што го има Адмирим Алити за една година не може да даде свој придонес за остварувањето и имплементацијата во интегрирана информатичка мрежа која што е многу битна во секоја сфера на нашето живеење“, рече пратеничката.

20.02.2023 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега