Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.
По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира во соработка со Владата и со Град Скопје.Образецот за пријавување штета е достапен во Архивата на Општина Кисела Вода, а истиот може да се преземе и електронски од нашата официјална веб-страница, на следниот линк:https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/20260723154706635-1.pdf
Пополнетиот образец, заедно со комплетната документација, се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето е задолжително да ги приложите и следниве документи:
-Важечка лична карта или патна исправа (фотокопија);
– Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);
– Фотографии од локацијата по претрпената штета;
– Записник од МВР за настанатата штета;
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните навремено да ги поднесат своите барања. На овој начин, постапката за проценка на штетите ќе може да се спроведе максимално ефикасно и во најкраток можен рок. Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани согласно законските прописи.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

