Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува построга борба против пушењето – Алиу вели здравјето нема цена

    Почнува построга борба против пушењето – Алиу вели здравјето нема цена

    12.06.2026 во 10:49Updated:12.06.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието, што претставува, како што се наведува, важен институционален чекор кон зајакнување на заштитата на јавното здравје, особено кај децата, младите, непушачите и сите граѓани.

    Како што појаснува министерот за здравство Азир Алиу во соопштението од Министерството за здравство, законот ја следи актуелната состојба на пазарот, каде покрај класичните цигари се присутни и електронски цигари, загреани тутунски производи и други нови никотински производи, кои бараат современа и јасна регулатива.

    Се посочува дека тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, додека економските загуби се проценуваат на над 600 милиони евра. Дополнително, податоците укажуваат дека 13,6% од младите на возраст од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57% од учениците се изложени на чад во затворени простори, а 73% од младите пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари поради возраста.

    Со законското решение се воведуваат појасни правила за користење тераси, поголема заштита во здравствени, образовни и детски установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и сеопфатна забрана за рекламирање и промоција, вклучително и преку онлајн платформи и социјални мрежи.

    Министерот Алиу истакнува дека „здравјето нема цена и нема алтернатива“, нагласувајќи дека зад подготовката на законот стои инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, во кој се одржани 7 работни состаноци со тутунската индустрија, 5 со угостителскиот сектор, усогласувања со државни институции и 14 инспекциски и надзорни органи, како и разгледување на 58 коментари пристигнати преку ЕНЕР.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.