Две лица се пронајдени починати за едно деноноќие во Скопје.
На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.
Исто така, на 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Турција со престој во државата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.

