Почина проф. д-р Љупче Кочоски

 

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со жалење се збогува од проф. д-р Љупче Кочоски, проректор на УКЛО и редовен професор на Факултетот за биотехнички науки – Битола чиј декан беше во два наврати.

Со прераната смрт на професорот Љупче Кочоски, на 7. 09.2022 година, Универзитетот e посиромашен за еден врвен професионалец, научник и исклучителен човек и пријател.

Проф. д-р Љупче Кочоски ќе остане запаметен како извонреден поединец кој имаше проактивен однос кон акдемскиот прогрес и развојот на Универзитетот.

Неговата богата професионална биографија го потврдува како реномиран стручњак, консултант и научен работник со меѓународна репутација за што сведочат бројните работни обврски, членството во повеќе меѓународни организации од областа на репродукцијата кај домашните животни, учество во професионални тела, главен уредник на списанието “Macedonian Journal of Reproduction”,член на издавачкиот совет на Македонски ветеринарен преглед.

Покрај забележителното искуство во наставата и научната работа, проф. д-р Љупче Кочоски својот професионален и човечки профил го извишуваше чесно и доблесно, со посветеност кон академската етика и напредок во општеството.

Студентите, вработените и раководството на УКЛО му одаваат достоинствена почит и ќе го паметат како интелектуалец којшто во работата се вложуваше максимално, а последните три години како проректор за настава беше посветен на благородната задача за квалитетен наставно – 0бразовен процес и едукација на компетентен кадар во функција на потребите на опкружувањето, со што добива значајно место на Универзитетот „Св. Климент Охриски“- Битола.

08.09.2022 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега