Подгответе се за невреме: Избегнувајте отворен простор и осамни дрвја

 


Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во Скопје денеска во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења  поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

18.06.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега