Владата ја усвои Новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
Владата ја усвои Новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува главен приоритет на Владата.
Поради тоа, обезбедувањето услови и зајакнувањето на институционалните капацитети за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот е во центарот на нашите напори. Со задоволство информирам дека на денешната седница на Владата беше усвоена Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот План.
Овој документ ја одразува непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот. Една стратегија, колку и да е добра, останува само документ доколку не се спроведува ефикасно.
Поради тоа, ги зајакнуваме механизмите за следење и надзор, преку основање на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе обезбеди успешно спроведување на утврдените цели. Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење ќе има централна улога во координирањето и поддршката на овие напори, обезбедувајќи постојана посветеност за реализација на оваа стратегија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа