Ловечкото здружение „Осогово“ од Кочани повторно е во владение на два ловни терени
Ловечкото здружение „Осогово“ доби назад два ловни терени во владение после повеќе од две децении откако денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, им ги врачи договорите на ловците, на средбата што се одржа во стариот Ловен дом во Кочани.
-После дванаесет месеци поминати во низа измени на закони и подзаконски акти во соработка со Ловечката федерација и со друштвата, дојдовме до сосотојба Ловечкото здружение „Осогово“ повторно да биде владател на два ловни терени. Најпрвин, друштвото терените ќе ги користи за одгледување и заштита на дивечот, што е основен услов, подоцна, во законска постапка, ќе дојде до финална додела на овие две ловиштата на користење во период од дваесет години, рече министерот Трипуновски.
Ова е важно, нагласи тој, затоа што со измените на Законот за ловство, предност при распределбата на ловиштата имаат оние што се актуелни корисници, односно оние што имаат вакви договори за одгледување и заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа