Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст

    Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст

    25.08.2026 во 20:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот внук во видео на Инстаграм.

    Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата здравствена состојба и за тешкиот период по смртта на нејзиниот сопруг Карл Дин во март 2025 година, со кого беше во брак речиси шест децении.

    Во текот на кариерата што траеше неколку децении, Партон стана една од најуспешните кантри пејачки на сите времиња, со повеќе од 160 милиони продадени албуми низ целиот свет. Покрај музиката, таа имаше и значајни актерски улоги, вклучително и во филмовите „9 до 5“ и „Челични магнолии“.

    Таа го издаде својот прв албум „Здраво, јас сум Доли“ во 1967 година, а меѓу нејзините најпознати песни се „Jolene“, „I Will Always Love You“ и  „9 tо 5“.

    Родена во 1946 година во Тенеси во сиромашно семејство со 12 деца, Партон почнала да пишува песни уште како дете. На 13 години веќе настапувала во легендарното „Grand Ole Opry“, а по преселбата во Нешвил започнала кариера која ќе трае повеќе од шест децении.

    Нејзините песни „Jolene“, „9 to 5“, „Coat of Many Colors“ и „I Will Always Love You“ станаа дел од американската музичка историја. Последната подоцна доби нова светска популарност во изведба на Витни Хјустон. Партон во текот на животот напишала околу 3.000 песни, а повеќе од 100 милиони нејзини плочи и албуми биле продадени низ светот.

    Освои 11 Греми награди, меѓу кои и награда за животно дело, а во 2022 година беше примена во Rock and Roll Hall of Fame.

    Прочитај повеќе

    Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

    19.09.2026 во 15:43

    Дневен хороскоп: Овенот денеска нека одмора, Бикот да се посвети на себе

    19.09.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.