Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина бабата која беше брутално претепана од сопствениот внук

    Почина бабата која беше брутално претепана од сопствениот внук

    22.01.2026 во 16:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Битола е во шок по веста дека 79-годишната жена, која пред шест дена беше жртва на свирепо семејно насилство, им подлегна на повредите. Несреќната жена денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите во битолската болница не успеаја да ја спасат од тешките повреди на мозокот и многубројните скршеници, пренесе СДК.

    Зад оваа смрт стои нејзиниот 28-годишен внук Т.Р., кој на 17 јануари ја претворил заедничката куќа на улицата „Лавчанска корија“ во сцена од хорор филм. Тој ја блокирал влезната врата со фиока за никој да не може да влезе и да помогне, а потоа со раце ја удирал старицата по главата и телото додека не ја онесвестил.

    По крвавиот пир, внукот избегал, а полицијата го пронашла на бизарна локација – како игра во казино во Битола. Наместо слобода, тој сега се соочува со обвинение за убиство.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.