Почина американскиот комичар и актер

Американскиот комичар и актер Џеки Мејсон почина на 93-годишна возраст.

Познатиот стенд-ап комичар, роден како Јаков Моше Маза, е син на православен рабин. Младиот рабин Јаков реши да се сврти кон шоу-бизнисот во 1950-тите. Тој беше добро познат по своите социјални коментари, појавувања во ток-шоуа на телевизија и комедиени монолози на Бродвеј.

Мејсон освои бројни награди во својата кариера, вклучувајќи „Тони“ и „Еми“за неговото one-man-show насловено „Светот според мене“, а подоцна и за„Џеки Мејсон на Бродвеј“. Тој доби „Еми“ за неговиот глас како таткото на кловнот Крусти во „Симпсонови“.

Комичарите ширум светот му оддадоа почит со објави на социјалните мрежи.

„Навистина една од најсмешните престави што некогаш сум ги видел … досега“, твитна актерот Хенри Винклер. „Ти благодарам Џеки и сега можеш да го насмееш рајот“.

Макфакс

26.07.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега