Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието
    • Пезешкијан: Време е да ѝ се стави крај на војната со САД додека сме во силна позиција
    • Утре сончево и многу топло, максималните температури до 41 степен, од недела заладување
    • Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
    • Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак
    • Александрос Косенас: „Нептун“ кон ново поглавје
    • Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност
    • Приведени родители: Психички ја малтретирале нивната ќерка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието

    По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието

    21.08.2026 во 19:003 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Да се провери дали персоналот вработен во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на водата за пиење спроведена од страна на овластени правни лица. Ова е една од препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Гостивар, еден месец откако во градот беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници гостиварци со загадена вода од градскиот водовод.

    Дополнително, ИЈЗ препорачува персоналот одговорен за управување со водоснабдителниот објект и одржување на водоводната мрежа да има соодветни и континуирани обуки, а персоналот во првата заштитна зона задолжително да врши редовни здравствено-хигиенски прегледи.

    Една од препораките до гостиварски „Комуналец“ е континуирано да се следи количината на хлор од извориштето до крајните потрошувачи, како и да се воспостави автоматизиран систем за следење на параметрите релевантни за процесот на дезинфекција, особено резидуалниот хлор, преку мерења во повеќе точки од дистрибутивната мрежа, со можност за автоматско алармирање при отстапување од дозволените вредности.

    „По укинување на кризната состојба во Гостивар, да се обезбеди резидуален слободен хлор во дистрибутивната мрежа во концентрации соодветни за одржување на микробиолошката безбедност на водата, при што целната оперативна вредност да биде во ранг од 0,2–0,5 mg/L, согласно условите на системот и важечките прописи. Да се изврши и хидраулична и оперативна анализа на дистрибутивната мрежа со цел идентификување на причините за варијациите на резидуалниот слободен хлор, особено во однос на задржувањето на водата, мртвите краци, зоните со намалена потрошувачка, промените во протокот, потенцијална можност за мешање на води од различни делови на системот и други услови кои можат да влијаат врз времето на задржување и потрошувачката на хлор“, се вели во препораката.

    Институтот за јавно здравје препорачува и ревидирање на постојната Програма за мониторинг заснована на процена на ризикот, која ќе ги опфати сите критични контролни точки и мерки за управување со ризик во целиот водоснабдителен систем. Во рамки на Планот за периодично испирање на дистрибутивната мрежа, велат од ИЈЗ, посебен фокус треба да стави на крајните, периферните и слабо проточните делови.

    Една од препораките е „Комуналец“ да обезбеди доволен капацитет на водоснабдувањето до сите населени места, особено во периоди на зголемена потрошувачка. Во оваа смисла, како долгорочна мерка, ИЈЗ препорачува да се изнајдат нови изворишта за водоснабдување со цел да се задоволат зголемените потреби и потрошувачка.

    Гостиварското комунално претпријатие треба да врши редовен мониторинг на безбедноста и квалитетот на водата што се доставува до потрошувачите, односно редовна контрола на базните параметри на водата на дневна основа.

    Освен до ЈКП „Комуналец“, ИЈЗ им препорача на комуналните инспектори во Општина Гостивар да зачестат со теренските контроли во однос на рационалното користење на водата, како и да проверуваат потенцијални недозволени приклучоци или истекувања. Се препорачуваат редовни инспекциски надзори над водоснабнителниот систем од извориштето до крајните потрошувачи, со посебен фокус на заштитните зони, како и техничка проценка на состојбата, функционалноста и капацитетот на филтерната станица.

    Инаку, министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека е укината е состојбата на епидемија во Гостивар што беше прогласена пред еден месец откако голем број граѓани побараа лекарска помош поради стомачни проблеми кои се поврзуваат со загадувањето на водата од градскиот водовод.

    Прочитај повеќе

    Утре сончево и многу топло, максималните температури до 41 степен, од недела заладување

    21.08.2026 во 18:23

    Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?

    21.08.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.