Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на денешната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година. Станува збор за еден од најзначајните спортско-инфраструктурни проекти во Охрид, којшто речиси 11 години останува незавршен.

    По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт пристапи кон темелна анализа и ревизија на состојбата на проектот, со цел да се утврдат сите технички, финансиски и административни пречки коишто со години го оневозможуваа неговото завршување. Како резултат на спроведената ревизија, Министерството презеде конкретни чекори за надминување на затекнатите проблеми, меѓу коишто и неопходната измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата конечно да продолжи.

    За целосно завршување на затворениот базен во Охрид обезбедени се 470 милиони денари.

    Со ова, по повеќе од една деценија неизвесност и застој, еден од најголемите спортско-инфраструктурни проекти во државата добива јасна перспектива за конечно завршување. Затворениот базен претставува инвестиција од огромно значење не само за Охрид туку и за развојот на пливачките спортови во целата држава, обезбедувајќи современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории, организирање натпревари и дополнително унапредување на спортската инфраструктура.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.