Close Menu
Press24
    Најново

    Кипар се подготвува за најлошото: Граѓаните да подготват храна, вода, лекови и топла облека

    03.03.2026 во 11:59

    Министерот Тошковски закажа итна прес-конференција

    03.03.2026 во 11:42

    Нов шок за пушачите: Поскапеа цигарите

    03.03.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кипар се подготвува за најлошото: Граѓаните да подготват храна, вода, лекови и топла облека
    • Министерот Тошковски закажа итна прес-конференција
    • Нов шок за пушачите: Поскапеа цигарите
    • Зеленски: Конфликтот во Иран ни создава нови проблеми
    • Едно лице задржано во полиција по трагедијата во Карпош – Мајката и детето биле сами и заклучени
    • Енергетски шок: Цената на нафтата драстично скокна
    • МНР со најнови информации: 473 македонски државјани побарале помош
    • Грција итно распоредува противвоздушна одбрана на Егејот по нападот врз Кипар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 11 дена блокада: Отворен патот Ќафасан-Елбасан

    По 11 дена блокада: Отворен патот Ќафасан-Елбасан

    03.03.2026 во 10:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По 11 дена блокада, патниот правец Ќафасан – Елбасан, делницата Либражд – Прењас, е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила.

    Според објава на Агенцијата за патишта на социјалните мрежи, и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој пат, но со ограничување до 8,2 тона носивост.

    „Сообраќајот ќе се одвива преку привремена траса изградена веднаш до претходната постоечка, додека не се заврши алтернативната траса на коритото на реката Шкумбин, интегрирана со железничката пруга“, се наведува во соопштението.

    Патот ќе функционира со соодветна сигнализација на градилиштето, а привремено ќе остане неасфалтиран додека слоевите не се стабилизираат, по што ќе се изврши конечно асфалтирање.

    „Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот и жителите на подрачјето да ја почитуваат сигнализацијата и инструкциите на сообраќајната полиција, за да се обезбеди безбеден сообраќај“, апелираат од агенцијата.

    Поради големо свлечиште и оштетувања на споменатата делница, која е дел од Коридорот VIII, во претходниот период товарните возила сообраќаа преку граничниот премин „Блато“ кај Дебар, согласно договор меѓу албанските и македонските институции.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“

    03.03.2026 во 09:40

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.