Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри

    Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри

    23.07.2026 во 11:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС, ДУИ и Арбен Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини кога се во прашање нивните функционери, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

    Според него, опозициските партии молчат и го штитат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, по неговата изјава дека не чувствува одговорност за скандалот со водата.

    Петрушевски истакна дека оние кои секојдневно бараат оставки, денес немаат никаква реакција за постапките на нивниот кандидат.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само за напад врз политичките противници.

    Тој јавно отвори повеќе прашања за постапувањето на општинските власти во Гостивар:

    „Граѓаните заслужуваат одговори, а не двојни стандарди. Зошто СДС, ДУИ и Таравари не бараат реакција од општината за скандалот? Зошто општината по 3 дена од кога сите дознаа за скандалот се јави со прес-конференција? Зошто општинските служби немаат со прст мрднато?“

    Петрушевски додаде дека поради неспособноста на општинските служби, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ морала да ја земе работата во свои раце.

    На крајот од прес-конференцијата, пратеникот заклучи дека на граѓаните им е јасно што може да се очекува од СДС, ДУИ и Таравари кога се на власт.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.