Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, Сашо Петрушевски, денеска оствари средба со специјалната претставничка на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) за Западен Балкан, Мелита Груевска Грахам.
Средбата се одржа во рамките на соработката за спроведување на регионалниот проект „Правична работа и безбедни законски патишта: Зајакнување на управувањето со миграцијата на работна сила во Западен Балкан – ФерПат“.
Проектот е поддржан од Владата на Кралството Холандија и координиран од Канцеларијата на ИЦМПД во Виена, а неговата главна цел е зајакнување на националната координација, подобрување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на врските меѓу надлежните институции.
Од МВР истакнуваат дека ја препознаваат важноста на регионалната соработка и координираниот институционален пристап во справувањето со предизвиците со миграцијата, како и во развојот на ефикасни механизми за управување со овие процеси. Активностите во рамките на проектот ќе се спроведуваат до декември 2027 година.

