Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Панова: 36 години ВМРО-ДПМНЕ се години на посветеност и борба за државните интереси

    Панова: 36 години ВМРО-ДПМНЕ се години на посветеност и борба за државните интереси

    17.06.2026 во 21:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Алсат телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека поддршката од граѓаните е показател за нивното задоволство од работењето на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека партијата денес не одбележува само роденден, туку и 36 години посветеност и борба за македонските национални интереси.

    „Самиот тој факт кажува дека народот е задоволен од работењето на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е и еден од нашите постулати од самото формирање. Ние денес не славиме само роденден на една политичка партија, тоа се 36 години посветеност, 36 години борба за македонските национални интереси. Биле тешки моменти, моменти во коишто сите мислеле дека нема излезност, но од друга страна ние сме се издигнале посилно од било кога и секогаш наш единствен интерес бил народот и тоа што тие го сакаат. За краток период од две години сметам дека направивме доста. Секогаш може повеќе и секогаш може подобро, но ние се стремиме токму кон тоа. Токму поради тоа денес славиме заедно со народот којшто ни избрал да бидеме дел од Владата, да бидеме дел од парламент, да бидеме дел од институциите, ако потекнуваме од народот, треба да работиме за народот и само така можеме да успееме да одиме напред“, рече Панова.

    Панова истакна дека едно од клучните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ било испраќањето на ДУИ во опозиција, оценувајќи дека со тоа Албанците биле ослободени од, како што рече, долгогодишен и репресивен систем на владеење. Таа нагласи дека Владата работи подеднакво за сите граѓани, посочувајќи ги инвестициите во образованието и инфраструктурата.

    „Една од основните и првите работи коишто ја направивме кога дојдовме на власт ДУИ ги испративме во длабока опозиција. Тоа беше наше ветување и практично Албанците ги ослободивме од едно долгогодишно владеење на еден систем создаден од страна на ДУИ, којшто и ние денес сметаме дека бил репресивен и на одреден начин негативен за нив. Сметам дека работиме подеднакво и за Македонците и за Албанците, затоа што и Македонците и албанските деца денес имаат учебници во училиште, и Македонците и Албанците ќе се возат и се возат низ патиштата коишто ние ги градиме“, рече Панова.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.