Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува.

На вчерашната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за идната година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за 1.000 денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно. 

– Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте. Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот, изјави Димитриеска-Косчока

Пензиите според законот растат според растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Владата на премиерот Мицкоски по преземањето на власта пензиите ги зголемуваше линеарно. Досега пензиите се зголемија линеарно за 6.000 денари

Exit mobile version