Паднаа осум дилери на дрога од Скопје
Вчера и денеска по полноќ на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.М.(27), М.Т.(26), Л.М.(26), А.М.(38), Ф.Б.(31), В.Р.(22) и 17-годишник, сите од Скопје, О.И.(19) од село Пагаруша, скопско и С.К.(42) од село Драчевица, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
25.04.2025 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа