Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
    • Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник
    • Просечната плата во јули речиси 800 евра
    • Ноќеска и официјално доаѓа есента
    • Сообраќајка во Охрид: Со тешки повреди заврши возач на „ауди“ по судир со „мерцедес“
    • Акција во Тетово: Уапсени маж и жена за посредување во проституција
    • Серија тешки дела во Куманово: Уапсен 23-годишен маж за кражби, семејно насилство и злоупотреба на податоци
    • Куманово: Уапсена 29-годишна жена – го натепала вонбрачниот сопруг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа девет дилери

    Паднаа девет дилери

    30.06.2026 во 14:092 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лишени од слобода девет лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога, при претрес во Затворот Идризово, кај осуденик пронајдени бела прашкаста материја и таблети

    На 29/30.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Г.(29) и В.Б.(30), двајцата од Скопје, 16-годишник од скопско и С.А.(25) од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и нож.

    На 29.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при претрес на осуденикот М.А.(53) од Скопје, кој се вратил од викенд отсуство, кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.

    На 29.06.2026 во 10:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Ф.(26) од Германија. При гранична контрола и извршен преглед во патничко возило со германски национални ознаки, со кое допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.

    На 29.06.2026 во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.М.(44) и К.Ч.(44), двајцата од Кавадарци. Полициските службеници запреле патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М., а сопатник бил К.Ч. и при преглед кај С.М. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

    На 30.06.2026 во 01:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 17-годишиник од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

    На 29.06.2026 во 20:30 часот на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Ш.(23) од с.Лешок, тетовско. При преглед на неговото патничко возило, на задното седиште биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, бејзбол палка и метален боксирач.

    По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Прочитај повеќе

    Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник

    22.09.2026 во 15:41

    Сообраќајка во Охрид: Со тешки повреди заврши возач на „ауди“ по судир со „мерцедес“

    22.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.