Падна системот за наплата со картици и вадење пари од банкомат

 

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, информираат од МБА преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите“, посочуваат од МБА.

27.07.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега