Падна одлука: Зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 27.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,790 %, кај дизелот 3,634 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 3,668 % и кај мазутот зголемувањето е 3,143 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,204 денар/кг и сега ќе изнесува 43,542 денари/кг.

Од 1.8.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 43,542 (денари/килограм).

31.07.2023 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа