Вчера во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишија од слобода С.Н.(36) од Косово.
Имено, по преземени мерки, а по претходна пријава од ЕВН Македонија на 01.07.2025 дека се врши неовластено преземање на електрична енергија, утврдено е дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, е сторител на кривичното дело „кражба на електрична енергија“.
Со него е извршен службен разговор, при што, исто така, констатирано е дека нема регулиран престој во државата, односно престојот му е изминат на 15.09.2025. ЕВР Карпош против него поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје.
- Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
- Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
- За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
- Кривична за директор од Свети Николе
- Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
- Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
- Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
- Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

