Оваа европска земја ги укинува сите Ковид мерки, сертификатите ќе станат минато - вирусот не претставува "критична закана за општеството"

Во Данска епидемијата на коронавирус е веќе минато. Причина? Дури 73% од населението е вакцинирано! Додека некои европски земји и понатаму се загрижени поради четвртиот бран на заразата, во Данска тоа е минато.

Имено овој петок Данска ќе ги укине сите ограничувања поврзани со Ковид-19, а тамошната влада објави дека вирусот не претставува "критична закана за општеството".

Клучниот основ за овој став се крие во фактот дека дури 73% од данското население е целосно вакцинирано против коронавирус, додека дополнителните 3% досега примиле само една доза вакцина.

„Епидемијата е под контрола" , рекол министерот за здравство, Магнус Хеуницке.

Треба да се напомене дека Данска беше меѓу првите земји кои минатата година (11март 2020 година) воведе целосна блокада кога изби пандемијата, а сега е меѓу првите кои целосно се отвори.

Данците не тврдат дека целосно се ослободиле од вирусот, едноставно пронашле начин да живеат со него. Сепак, враќањето на "старото нормално" не би било возможно без вакцинацијата.

Ова особено се однесува на фактот дека околу 95% од најзагрозените луѓе во земјата се вакцинирани, како луѓето во старските домови и луѓето постари од 60 години. Во Хрватска стапката на вакцинација помеѓу најзагрозеното население е поразувачка. Поради тоа данските здравствени работници се помалку загрижени поради ширењето на заразата колку тоа што беше случај во почетокот на годината.

Данска моментално има во просек 700 до 800 заболени од коронавирус дневно. Од друга страна, бројот на хоспитализирани и тешко болни луѓе е релативно мал - моментално во болницата се наоѓаат 123 заразени лица, а во просек помалку од две лица умираат дневно ширум земјата.

„Вакцината е 'супер оружје' со кое победуваме. Животот на повеќе места се враќа во нормала и нашите очекувања се дека големите затворања во иднина веќе нема да бидат потребни", рекла премиерката Мете Фредериксен.

Во областа на образованието, доколку ученик се зарази со коронавирус тоа нема да резултира со самоизолација за целото одделение и наставниците. На крајот од месецот контроверзните сертификати за ковид веќе нема да бидат потребни за влез во ресторани и барови, нивното работно време веќе нема да биде ограничено до 2 часот наутро, а дозволени ќе бидат и музички фестивали. После 18 месеци се отвараат дури и ноќните клубови.

„Во Данска нема многу случаеви на сериозно заболени, па постигнат е консензус помеѓу политичарите и јавноста дека Ковид-19 нема да биде закана за општеството", вели професорот Виго Андреасен од Центарот Пандемикс при Универзитетот Роскилде.

Ако нешто е загрижувачки, тоа е ниската стапка на вакцинираност помеѓу младите луѓе. Во старосната група од 15 до 18 години вакцинирани се само 43,5 % од луѓето.

"За време на зимата очигледно ќе имаме поголема заразеност во училиштата. Доказите за тоа се сосема јасни, особено за основните училишта", вели Андреасен.

10.09.2021 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега