Кузеска: ДПМНЕ да одговори за „Пуцко петрол“, како повторно кога е некој од ДУИ, нема притвор?
ДПМНЕ подобро е да молчи кога станува збор за Пуцко Петров и за Ратко Капушевски. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. СДСМ веќе и соопшти дека институциите и општините кои се раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 договори токму со Пуцко Петров, ова се тие документи, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
„За тоа одговор треба да даде ДПМНЕ“, вели Кузеска и додава:
„СДСМ секако дека ја поддржува истрагата и очекува целосно расветлување на случајот но ДПМНЕ треба да одговори на уште едно прашање, како тоа кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, исто како што беше случајот со Артан Груби?“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа