Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа

    Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа

    01.11.2025 во 11:181 Min Read
    ФОТО: Електродистрибуција
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема кражба на електрична енергија е откриена во хотел со четири ѕвезди во центарот на Скопје, соопштија од Електродистрибуција. Нелегалниот приклучок претставувал и огромна опасност од пожар.

    Измамата била откриена при техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотелот лоциран на улицата „Луј Пастер“. Екипите на Електродистрибуција пронашле три нелегални и изгорени кабли, што било последица на преголема оптовареност.

    „Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли“, се вели во соопштението.

    Од компанијата додаваат дека нивните екипи биле попречени во вршењето на должноста при обидот да влезат во хотелскиот објект.

    Случајот е целосно документиран и за него е поднесена соодветна пријава до Министерството за внатрешни работи.

    „Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Електродистрибуција.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.