Ослободен од обвинение полицискиот инспектор обвинет за смртта на мигрантка

Полицаецот Игор Марков од гевгелиско Негорци, кој минатата година застрела смртно 23-годишна мигрантка, е ослободен од обвинение. Ваква пресуда донесе Кривичен суд во судската постапка што се водеше во врска со смртта на 23-годишна мигрантка. Обвинетиот и неговите адвокати не беа присутни во судницата. 

Судот изрази жалење и сочувство до блиските и до сопругот на мигрантката. Право на жалба се има во рок од 15 дена по прием на пресудата, до Апелационен суд.

-Патот на мигрантите до остварување на нивната цел да стигнат до место кое за нив ветува подобар живот е пропратен со многу предизвици, ризици и опасности. Но надежта за подобар живот е водилката која ги мотивира мигрантите да се впуштат во една ваква цел полна со неизвесност. Судот изразува сочувство до присутниот сопруг Кабубака Камара и на семејството на 23-годишната Фатмата. Ова судење беше многу емотивно. Загубата за изгубениот не може ништо да ја компензира, но Судот одлуките ги носиврз основа на Уставот и законот и врз база на поднесените докази, рече судијата Ненад Савески.

Тој потоа ја прочита одлуката на Судот - Оттаму Игор Марков од Негорци се ослободува од обвинение, ја прочита судијата пресудата. 

Незадоволство од пресудата, изрази Глигорие Ќатоски, полномошник на оштетените лица, на сопругот, мајката и на сестрата.

- Секако дека не можеме да бидеме задоволни од ослободителната пресуда. Ќе почекаме да ја добиеме и писмено образложената пресуда. Согласно законот за кривична постапка, како полномошници на оштетен, немаме право да подмесуваме жалба на ослободителната пресуда, тоа право го има јавниот обвинител. Се надевам дека таквото право ќе биде искористено, рече адвокатот. 

На 26 септември од Обвинителството соопштија дека е поднесен обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Настанот се случил на 19 април 2023 година.

Според соопштеното, обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица - мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задно седиште во возило, нанесувајќи ѝ повреда во задниот дел на десното рамо. Како резултат на здобиените повреди, таа починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница - Гевгелија. 

11.07.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега