Мицевски: Исплашени дека ќе одговараат за душманското трошење на народните пари СДС секојдневно пласираат нови лаги

Нова БРУКА и нов СРАМ од кујната на опозициската „партија“ СДСМ!!! Штом отворат уста, бесрамно и дрско лажат, вели Никола Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Исплашени од обзнанувањето на нивните криминали и душманското трошење и крадење на народните пари, СДСМ и нивната гласноговорничка Кузеска очајнички се обидуваат да пласираат нови лаги и невистини со „бомбастични“ наслови во јавноста, рече Мицевски 

„Патем, лагата е разобличена веднаш бидејќи станува збор за Иван Иванов од Кочани, пратеник и мој поранешен колега од Собранието, како и Анастасија Илиеска од Прилеп, вработена во УЈП.  

Затоа, луѓе од СДСМ, опаметете се и престанете со измислиците и лажните вести бидејќи станавте партија на луѓе без интегритет, без дигнитет, без достоинство. Станавте партија за потсмев во Македонија, но и пошироко.  

И запомнете, ВИСТИНАТА секогаш е посилна од ЛАГАТА !„, посочи Мицевски.

 

31.07.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега