ВМРО-ДПМНЕ: Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации, синот на Иванов и сопругата на Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО

СДСМ тотално забегале. Кој вака ја излизга Богданка Кузеска да држи прес конференција и да шири лажни вести, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации.

Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО.

Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски.

Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат.

Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести.

Филипче, Кузеска и останатите фотелјаши функционери ја донесоа партијата СДСМ пред целосен колапс.

Лошиот пиар на Венко Филипче ќе ја доуништи и така веќе уништената и поразена СДСМ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

31.07.2024 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега