ВИДЕО: 19 активни пожари беснеат низ Македонија

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вечерва рапортираше за ситуацијата со пожарите низ Македонија. Тој кажа дека денес се регистрирани рекорден број на пожари, а активни се 19.

Најкритично е во пехчевско, каде што пожарот се заканува кон селото Негрево, како и кон градоt Пехчево.

„Имаме рекорден број на пожари, најмалку 54, активни се 19 кои ќе продолжат да горат, а 35 се целосно изгаснати или целосно ставени под контрола. Најкритично е во Пехчево, каде што пожарот го загрозува селото Негрево. Се прават силни напори да биде воспоставена контрола за да не се шири кон селото Негрево и кон Пехчево. Локалните пожарникари поддржани со локалното население за да не дојде до Пехчево.

Сериозен пожар има и во Куманово, кој го загрозува Живиње иако имам убедување дека селото ќе биде одбрането во текот на вечерта. Во кратовско Татомир има опасност за куќите, се прават напори селото да биде одбрането.

30.07.2024 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега