Организаторот на досегашните протести за „Монструм“ се дистанцира од денешниот - јас ќе организирам на 2 април

Бедри Ајдари, организатор на протестите за случајот „Монструм“ и член на семејството на дел од обвинетите се дистанцира од денешниот протест кој е најавен за во 13:00 часот

Тој во изјава за Слободен печат вели дека не знае кој е организатор на денешниот протест.

– Не, не, јас не сум организатор на денешните протести. Не знам кој ги организира, јас не сум организатор на денешните протести, но можно е некој да ги преставил во име на сите случаи, па може да има некаква конфузија, вели Ајдари за Слободен печат.

Посочи дека тој ќе организира протести идната недела против пресудите за случајот Монструм.

– Ние ќе протестираме следната недела, во петок на 2 април 2021 година – информира Ајдари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега