Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: Скопје е на нозе – стартуваше маратонот

    Орце Ѓорѓиевски: Скопје е на нозе – стартуваше маратонот

    04.10.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    15.020 учесници, илјадници лични приказни и еден град што денес дише во ритамот на спортот!

    ✔️ Утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имав чест да го означам стартот на Wizz Air Скопскиот маратон.

    Од стартната линија испративме силна порака за истрајноста, заедништвото и вербата во сопствените можности!, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    ♥️ Скопје денес е домаќин на рекордни 15.020 учесници кои ги исполнуваат нашите улици со енергија, решителност и желба да ги поместат сопствените граници.

    Секој од нив трча со своја цел, со своја мотивација и со своја приказна.

    А со секој нивен чекор, заедно ја пишуваме најубавата спортска приказна на нашиот град.

    🫡 Град Скопје, како покровител, е подготвен да ја даде потребната поддршка за успешно одржување на оваа голема спортска манифестација и да покаже дека е достоен домаќин на настани што нè обединуваат и го претставуваат Скопје пред светот.

    Нашата заложба е овој маратон да продолжи да расте, а спортот да биде сè поприсутен во животот на нашиот град.

    🫵 На сите учесници им посакувам успешна трка, лесен чекор и силна волја до целта!

    На скопјани им упатувам повик со аплауз и бодрење да им дадеме дополнителна сила на сите што денес трчаат низ нашиот град.

    ☑️ Денес секој чекор заслужува аплауз, секоја лична победа заслужува почит!

    ♥️ Напред, маратонци! Скопје е со вас

    Прочитај повеќе

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23

    Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад

    06.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.